• Уреди

Информации за хотелот

Уште од првите денови  и како еден од прво отворените приватни хотели во Скопје, Хотел ГЛАМ има прецизно утврдена цел да биде најдобар и да Ви понуди најдобра услуга во својата категорија на начин што успешно ја обединивме елеганцијата и удобноста, професиналноста и стилот, одданост и внимание кон своите гости со што Хотел Глам стана место за деловни средби и успеси, место за уживање и опуштање.


Хотелски содржини
Хотел ГЛАМ се наоѓа во мирен кварт, во центарот на Скопје. Благодарение на високото ниво на услуга и неговата локација, се изгради во еден препознатлив хотел, посебно за бизис патувања. Хотелот е оддалечен само 8 минути  пешачењe или 2-3 минути со возило од главниот деловен центар на градот, од владините и од културните институции и од повеќето дипломатски претставништа.

Хотелот располага со дваесет и една соба, од кои две се луксузни апартмани, сите со извонреден ентериер, посебно звучно изолирани и централно климаритизирани, опремени по најсовремените и најстроги светски стандарди за хотелско сместување.

Во составот на хотелот се наоѓа ресторан за појадок со шведска маса, тераса и апертив-бар.
Хотел ГЛАМ ви нуди безплатен Wi-Fi интернет во секоја соба и во лобито, користење на две сали за состаноци,  паркинг со 24ч видео надзор, сеф, скенер, копир и факс. Покрај овие услуги, хотел ГЛАМ ви нуди сопствен сервис за перење и пеглање, хемиско чистење  како и такси превоз до и од аеродром по најповолни цени.

Со мирната атмосфвера, со прекрасниот амбиент и со квалитетната услуга, хотел ГЛАМ ви овозможува пријатен престој во Скопје.

Контакт

Рецепција
 Тел. +38923296700, Факс +38923296745, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Менаџмент
Гоце Лазаров, тел. +38933296700, моб. +38970330699, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Website: 
http://www.hotelglam.com

Поважни телефони и корисни линкови