• Уреди

БИЗНИС СОСТАНОЦИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ


За потребите на гостите на Хотел ГЛАМ, за одржување на бизнис состаноци, работилници или презентации нудиме избор на две простории.

Малата просторија со капацитет за 8 лица е идеална  и најчесто користена за бизнис состаноци. На располагање имате  компјутер, принтер, скенер, конференциска маса со 8 комфорни кожни  фотељи, телевизор, клима со независно ладење и затоплување.

Големата сала е со капацитет за 30-40 лица и е идеална за поголеми презентации, организирање на работилници или побројни деловни средби. Таа е комфорна, практична, со одлично осветлување и опремена со 50” плазма ТВ со централно спроведена и инсталирана HDMI конекција, специјално направена за презентации директно од лаптоп компјутер.

За време на користењето на двете сали, по претходна најава и договор, можно е да се организра служење на пијалоци и храна од Хотел ГЛАМ.