Хотелот ГЛАМ се наоѓа во мирен кварт во центарот на Скопје и оддалечен е само неколку минути одење од  деловниот центар, од владините и од културните институции , како и од повеќе дипломатски претставништва.

Хотелот располага со 21 соба со извонреден ентериер, звучно изолирани и климатизирани, и со два елегантни апартмани со џакузи када.


Сите соби имаат купатило со туш и со фен за коса, телефон, бесплатен безжичен интернет, сателитска, LCD телевизор и минибар.


Во состав на хотелот се наоѓа ресторан за појадок, со шведска маса, тераса и аперитив-бар.


Хотелот ГЛАМ Ви нуди бесплатни факс, сеф, сервис за перење и пеглање, паркинг пред хотелот, како и такси, турстички услуги и друго.

Со мирната атмосфера, со прекрасниот амбиент и со квалитетната услуга, хотелот ГЛАМ Ви овозможува пријатен престој во Скопје.


,,Прв пат во хотел ГЛАМ, секогаш во хотел ГЛАМ’’
Добродојдовте!